ЕЛКАТА НА ДАНЕЛА СИ ЗАМИНУВА Скопје се раскитува, нема да има дочек за Велигден

На социјалните мрежи скопјани споделуваа фотографии од кривата елка која беше хит и во медиумите од регионот и прашуваа кога градоначалничката Данела Арсовска ќе го раскити градот. Граѓаните се шегуваа дека елката ќе остане до Велигден.

512

Дојде крајот на новогодишната еуфорија која до утрово можеше да се почувствува во Скопје. Градските власти одлучија дека е време плоштадот и улиците конечно да се раскитат.

На социјалните мрежи скопјани споделуваа фотографии од кривата елка која беше хит и во медиумите од регионот и прашуваа кога градоначалничката Данела Арсовска ќе го раскити градот. Граѓаните се шегуваа дека елката ќе остане до Велигден.






Градоначалничката Данела Арсовска тврдеше дека украсувањето на Скопје чини само 30.000 евра. Тоа беше причина Управата за финансиска полиција да отвори предмет бидејќи ниту на страната на Град Скопје, ниту на веб страницата на Јавни набавки немаше отворен тендер за оваа намена.

Арсовска во еден поткаст јавно се пофали дека Градот годинава за оваа намена потрошил 30.000 евра, наместо како во претходните години кога цифрата се движела помеѓу 90.000 и 245.000 евра.

Уште при самото поставување на украсите на плоштадот „Македонија“ во средината на декември социјалните мрежи вриеја од коментари поради кривата елка. Првата елка на плоштадот го привлече вниманието и на повеќе медиуми во регионот кои објавија за тоа дека граѓаните на Скопје не се задоволни. Регионалните медиуми во своите наслови ги тешеа нивните читатели велејќи дека ако не им се допаѓа како е украсен нивниот град, да помислат на китењето во Скопје.

Поврзани содржини