🎥 КРАЛОТ ЧАРЛС ЈА ОДНЕСЕ КАМИЛА ВО ЗООЛОШКА Британскиот кралски пар ја нахрани џиновската желка и ги прегледа пингвините

Монархот бил во свој елемент додека со помош на стетоскоп ги прегледувал пингвините, а ги посетиле и медоносните пчели, кадешто кралицата Камила ја запознала нејзината „колешка“ - кралицата на пчелите, односно, пчелата-матица.

0

Кралот Чарлс и кралицата Камила ја посетија зоолошката градина во Лондон за да ја прослават 200-годишнината од Зоолошкото друштво на Лондон. Со првата официјална посета на кралот како кралски покровител на Зоолошкото друштво на Лондон ( Zoological Society of London), продолжува историската кралска традиција поврзана со добротворната организација за зачувување на природата, која тој ја продолжува како наследство од својата мајка, кралицата Елизабета. Посетата ја истакна работата на Зоолошката градина во науката, заштитата на дивите животни и зачувувањето на природата, додека зоолошката градина во Лондон одбележа два века историја.






Во живеалиштето „Џиновите од Галапагос“, кралот и кралицата им се придружиле на чуварите на зоолошката градина за да ѝ подадат на желката Поли резбана „торта“ од лубеница – украсена со лого на зоолошката градина за 200-годишнината и исполнета до врв со нејзината омилена закуска од цвеќиња и растенија.

На плажата на пингвините, нивните височества ја набљудувале здравствената проверка на пингвините, па и самиот Чарлс со помош на стетоскоп ги прегледувал пингвините слушајќи ги инструкциите на ветеринарите.

Нивните Височества учествувале и во една од иновативните сесии за обука на животни, користејќи ласерски покажувач за да ги охрабри пингвините да нуркаат и да се спуштаат под водата.

Последната станица од турнејата биле малите суштества, со големо влијание – пчелите.

Кралицата Камила ја посетила колонијата на медоносни пчели – и ја запознала нејзината „колешка“ – кралицата на пчелите, односно, нивната пчела-матица.

Поврзани содржини