Вчера во 21.45 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај местото Карпа, патничко возило „фиат“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(43) од село Велгошти, охридско, излегло од коловозот, информира МВР.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.