КЛУЧНИОТ САУДИСКИ НАФТОВОД ПОВТОРНО РАБОТИ Протокот на нафта стартува со 3,5 милиони барели дневно

Саудиска Арабија добива алтернативна рута за извоз на нафта, што треба да го намали притисокот врз купувачите на кои им е потребна дополнителна нафта, особено во Европа.

0

Судиска Арабија го обнови извозот на нафта преку клучниот цевковод Исток-Запад, по поправка на делот оштетен од нападот со беспилотни летала на почетокот на септември.

Протокот низ цевководот достигна околу 3,5 милиони барели дневно, додека неговиот вкупен капацитет е околу 7 милиони барели дневно.






Под нормални околности, околу 5 милиони барели дневно што минуваат низ овој цевковод се наменети за извоз.

Саудиска Арабија на тој начин повторно добива алтернативна рута за извоз на нафта, што треба да го намали притисокот врз купувачите на кои им е потребна дополнителна нафта, особено во Европа.

Овој цевковод е важен бидејќи ѝ овозможува на Саудиска Арабија да пренасочи дел од својот извоз од Персискиот Залив кон пристаништето Јанбу на Црвеното Море, со што ќе го избегне Ормускиот Проток.

Според претходната проценка на информираниот извор, ќе бидат потребни околу 6 недели за да се вратат испораките преку цевководот Исток-Запад со полн капацитет.

Поврзани содржини