КИНЕЗИТЕ ОД ВСЕЛЕНАТА МОЖАТ ДА ВИДАТ КАКВА БОЈА НА ОЧИ ИМАТЕ Најмоќната шпионска камера снима човечки лица од 100 километри
Технологијата што ја користи овој систем е 100 пати помоќна од постојните шпионски камери и традиционалните телескопи. Една од најзначајните примени на оваа технологија е можноста за следење на странски сателити со досега незамисливо ниво на деталност.
Група научници од Кинеската академија на науките успешно развија сателит со напредна ласерска технологија, кој може да регистрира човечки лица од Земјината орбита, дури и на растојание поголемо од 100 километри.
Оваа иновација има потенцијал да ги редефинира глобалните стандарди за надзор, овозможувајќи досега невидена прецизност.
Технологијата што ја користи овој систем е 100 пати помоќна од постојните шпионски камери и традиционалните телескопи. Една од најзначајните примени на оваа технологија е можноста за следење на странски сателити со досега незамисливо ниво на деталност.
Наодите од ова истражување, спроведено од кинеските научници, беа објавени во списанието „Чајнис журнал оф лејзерс“. Новиот систем, наречен САЛ (Synthetic Aperture Lidar), претставува ласерски радар способен за создавање висококвалитетни дводимензионални и тродимензионални слики.
За разлика од претходните технологии што користеа микробранова радијација со подолги бранови должини, кои произведуваа слики со послаб квалитет, САЛ се потпира на пократки оптички бранови, што значително ја зголемува јасноста и деталноста на фотографиите.
Спроведените тестирања покажале извонредни резултати. При таргетирање на рефлективни призми поставени на повеќе од 100 километри оддалеченост, уредот бил во состојба да детектира детали со големина од само 1,7 милиметри. Прецизноста на мерењето на растојанието, пак, покажала минимално отстапување од 15,6 милиметри.
Овој напредок значително ги надминува претходните рекорди поставени од американски и кинески научници, што го прави важен чекор напред во развојот на сателитските технологии за надзор.