КИЕВСКИОТ РЕЖИМ САМИОТ ЈА ОТВОРИ ПАНДОРИНАТА КУТИЈА Путин најави одговор по најчувствителните сектори на украинската економија

Рускиот претседател ги оцени руските напади врз објекти во Украина како ефикасни и навремени, наведувајќи дека тие ги нарушуваат способностите на противникот да доставува воена техника и муниција, да ги ротира војниците и да го унапредува вооружувањето.

1

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека украинските власти си поставиле за цел да нанесат штета на руската економија со што, како што рече, „самите го ослободиле духот од ламбата“ и добиле одговор.

– Киевскиот режим самиот ја отвори Пандорината кутија. Добро, ќе добие одговор по најчувствителните сектори на економијата кои, искрено кажано, и онака веќе се на издишување – изјави Путин за телевизијата „Вести“.






Путин ги оцени руските напади врз објекти во Украина како ефикасни и навремени, наведувајќи дека тие ги нарушуваат способностите на противникот да доставува воена техника и муниција, да ги ротира војниците и да го унапредува вооружувањето.

– Ова, се разбира, има најдиректно и најпозитивно влијание врз водењето на операциите, од аспект на постигнувањето воени резултати – рече рускиот претседател.

Според Путин, противниците на Русија веќе подолго време настојуваат да ја „фрлат Русија на колена“, додека обидот да и биде нанесен пораз за 40 дена бил „уште едно коцкање на Киев и неговите западни послушници“.

– Секако, никаков пресврт во конфликтот со Русија не можеше да се случи и не се случи. Киевскиот режим и неговите господари не можат да стекнат никаква предност, не стекнаа и никогаш нема да стекнат – порача Путин.

Поврзани содржини