ДРАМАТИЧНО ВО СКОПСКО ПАЛИГРАД Огнот се доближува до селото, противпожарните екипи ќе останат цела ноќ

За утре во раните утрински часови е предвидена и воздушна интервенција за гаснење на пожарот.

1

Пожарот во реонот на селото Палиград, општина Залениково се приближува кон населеното место, а противпожарните екипи ќе останат на терен во текот на целата ноќ со цел да го заштитат селото и неговите жители, информира директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, кој вечерва е таму.

Тој е заедно со екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје ја следи состојбата и активностите за локализирање и ставање на пожарот под контрола.






Според информациите од ЦУК, екипите ќе останат на терен во текот на целата ноќ и континуирано ќе го следат движењето на огнената линија. Тие се подготвени да интервенираат во секој момент доколку се појави опасност за куќите и жителите на Палиград.

За утре во раните утрински часови е предвидена и воздушна интервенција за гаснење на пожарот.

Поврзани содржини