КАСАМИ ВО ТЕТОВО МОЖЕ ДА ДОБИЕ ПОДДРШКА ОД АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ Лидерот на Беса треба да тропне на вратата на опозицијата

Касами е претседател на партијата, има каде да дојде да побара поддршка. Во оваа ситуација кога имаме само двајца кандидати, Билал Касами е природно да го отвори патот и да побара поддршка, вели потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири.

1,449

Потпретседателот на Алијанса за Албанците, Елми Азири во емисијата Клик плус на ТВ21 вели дека тие ќе го поддржат Билал Касами, очекуваќи поддршка од Беса онаму каде што во вториот круг ќе се судрaт коалицијата Алијанса/Алтернатива со ДУИ.

– Се разбира, Алијансата за Албанците и Алтернатива како опозициски блок  сме подготвени да го поддржиме Билал Касами во општина Тетово. Особено затоа што Касами е претседател на партијата, има каде да дојде да побара поддршка. Во оваа ситуација кога имаме само двајца кандидати, Билал Касами е природно да го отвори патот и да побара поддршка – рече пратеникот.






Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива, пак, испрати порака дека неговата партија засега не го поддржува Касами.

Беса и ДУИ се коалициски партнери на СДСМ во Владата.

Поврзани содржини