🎥 КАПСУЛАТА НА СПЕЈС ИКС ПРИСТИГНА И ДОНЕСЕ НОВИ АСТРОНАУТИ Двајцата Американци кои беа заглавени на Меѓународната вселенска станица си одат дома

Според првичниот план, овие двајца астронаути требаше да останат на Меѓународната вселенска станица само осум дена, но поради технички проблеми со експерименталното вселенско летало во кое пристигнаа, поминаа повеќе од девет месеци во орбитата.

1,323

Вселенската капсула Спејс Икс со нов екипаж се закотви на Меѓународната вселенска станица(МВС), дозволувајќи им на астронаутите Буч Вилмор и Сунита Вилијамс, кои поминаа повеќе од девет месеци во вселената, конечно да се вратат дома.

Според првичниот план, овие двајца астронаути требаше да останат на МВС само осум дена, но поради технички проблеми со експерименталното вселенско летало во кое пристигнаа, поминаа повеќе од девет месеци во орбитата, јавува Би-Би-Си.






Тие астронаути треба да го започнат своето патување назад кон Земјата подоцна оваа недела, а Стив Стик, комерцијален програмски менаџер на НАСА, изрази возбуда поради можноста двајцата астронаути да се вратат.

– Бах и Сани направија одлична работа и со нетрпение очекуваме да ги вратиме на земјата – рече Стик.

Поврзани содржини