КАКО СЕ НАМАЛУВА СТОМАКОТ ПО ПОРОДУВАЊЕТО? Доењето помага да ослабнете, но имајте предвид – 9 месеци нагоре, 9 надоле

Просечното новороденче тежи околу 3.400 кг. Но, колку тежи мајката по излегувањето од родилната сала? И колку време е потребно за да се врати старата тежина. И, чисто информативно, мајките често губат многу килограми по породувањето токму поради доењето.

84

Иако времето за враќање на старата тежина е различно за секоја жена и зависи од бројни фактори (во зависност од тоа колку килограми сте добиле за време на бременоста, дали доите или не, каква е вашата исхрана и дали вежбате), постојат одредени пресвртници што можете да ги означите во календарот.

24 часа по раѓањето
Жените губат во просек по 5,5 килограми речиси веднаш по породувањето. „Тука е бебето, изгубената крв, течностите, плодовата вода“, вели нутриционистката Сара Б. Кригер, која работи со бремени жени и мајки.






„Во овој период од 24 часа, вашиот стомак по породувањето веќе почнува да се намалува“, додава таа. Со други зборови, голем дел од тежината од бременоста е самото бебе.

Една недела подоцна
„Сè уште губите многу течност во форма на урина, особено ако сте имале епидурална“, вели нутриционистката Кригер, што значи дека сè уште слабеете, но таа советува да не се мерите: „Фокусирајте се на тоа како ви стои облеката, а не на она што го кажува вагата“.

Доењето исто така игра улога во слабеењето. Иако на жените им се советува да внесуваат дополнителни 500 калории дневно доколку дојат, тие често губат многу килограми по породувањето токму поради доењето.

Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини