ЏЕЈМИ ОЛИВЕР ОСЛАБЕЛ 12 КИЛОГРАМИ, БЕЗ ДИЕТА Која е тајната на трансформацијата на славниот шеф?

Доста брзо ослабев 12 килограми, но не затоа што не јадев. Јадев многу, дури и повеќе од порано, само избирав различна храна, објасни познатиот готвач.

0

Британскиот готвач и ТВ ѕвезда Џејми Оливер повторно го привлече вниманието на јавноста, но овој пат не поради нови рецепти, кулинарски емисии или гастрономски проекти. Во центарот на вниманието е неговата импресивна физичка трансформација откако откри дека ослабел дури 12 килограми за релативно краток временски период.






Неговиот 51-ви роденден, кој го прослави на 27 мај, исто така привлече дополнително внимание, а бројни обожаватели сакаа да знаат како успеал да постигне толку видливи резултати без строги и исцрпувачки диети. Оливер тврди дека зад неговата трансформација не постои магична формула, туку неколку едноставни, но доследни промени во животните навики, пишува „Мирор“.

Во интервјуа за британските медиуми, тој објасни дека не се изгладнувал ниту се откажувал од храната што ја сака. Напротив, истакнува дека често јадел повеќе од порано, но го променил составот на своите оброци. Најголемата промена се случила кога решил да го намали внесот на месо и да ја зголеми количината на зеленчук и друга растителна храна во неговото мени.

– Доста брзо ослабев 12 килограми, но не затоа што не јадев. Јадев многу, дури и повеќе од порано, само избирав различна храна- објасни познатиот готвач.

Повеќе за ова прочитајте на порталот „Арт кујна“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver)

Поврзани содржини