Како изгледаше пристаништето во Бејрут пред и по експлозијата (ГАЛЕРИЈА)
Во Либан денеска е ден на национална жалост за жртвите од големата експлозија која вчера разори поголем дел од пристаништето во Бејрут и оштети многу згради во либанската престолнина.
Според последните информации, во експлозијата загинаа повеќе од 100 луѓе, додека околу 4.000 се повредени.
Во медиумите се појавија и снимки од дрон кои покажуваат како изгледаше пристаништето пред и по експлозијата.