ИЗВОЗОТ ЛАНИ ПОРАСНАЛ ЗА 7,4% Пет земји сочинуваат 47,8% во вкупниот обем на размена

Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 13,05 милијарди долари и е за 9 % повисок од 2024 година во истиот период.

201

Трендот на пораст на извозот и увозот продолжува и во периодот јануари – декември 2025 година во споредба со периодот јануари – декември 2024 година. Тоа го покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 9, 05 милијарди долари  и е за 7,4 %  повисока од истиот период во 2024 година. Вредноста на увезената стока, во периодот јануари – декември 2025 година, изнесува 13,05 милијарди долари и е за 9 % повисок од 2024 година во истиот период.






Трговската размена по производи според Стандардната меѓународна трговска класификација покажува дека во извозот најголемо е учеството на: катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени: нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за пренос на лица.

Во периодот јануари – декември 2025 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Кина, Грција и Србија, кои учествуваат со 47,8 % во вкупниот обем на размената. Земјите членки на Европската Унија учествуваат со 58,9 % во вкупната размена.

 

Поврзани содржини