ИЗРАЕЛСКАТА АРМИЈА ИЗГУБИЛА 44 ВОЈНИЦИ Хамас и покрај големите загуби не ги ослободува заложниците

Во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври загинаа повеќе од 11.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 4.500 деца, според палестинските власти под контрола на Хамас.

227

Израелската армија соопшти дека изгубила вкупно 44 војници од почетокот на копнената операција што ја започна во Појасот Газа по нападот што минатиот месец во Израел го изврши исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира палестинската територија.

Најновите жртви се 28-годишен мајор и 21-годишен наредник од специјалните сили. Тие беа убиени во северниот дел на Појасот Газа, јавија израелски медиуми.






Борците на Хамас убија околу 1.200 луѓе и заробија повеќе од 200 луѓе во Појасот Газа. Досега само четворица од заложниците се ослободени.

Во израелските напади во Појасот Газа од 7 октомври загинаа повеќе од 11.000 луѓе, меѓу кои и повеќе од 4.500 деца, според палестинските власти под контрола на Хамас.

Поврзани содржини