СТРАШНА НЕСРЕЌА ВО СКОПСКАТА НАСЕЛБА ДАМЕ ГРУЕВ 72-годишен скопјанец загина во сообраќајка
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал 72-годишниот К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Страшна сообраќајна несреќа синоќа се случи во скопската населба Даме Груев кога 72-годишен возач на автомобил изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
Како што информираше МВР, несреќата се случила на улицата Шарпланинска, позната како улица Кокта.
„На 26 септември 2024 во периодот од 21.30 до 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Шар планина во Скопје, патничко возило „даеву“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.П.(72) од Скопје, излетало од коловозот.
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал К.П., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е даден за обдукција“, соопшти Министерството за внатрешни работи.