ИЗДАДЕНИ СЕ 256 ОДОБРЕНИЈА ЗА ГРАДЕЊЕ Повеќе од половина од нив за изградба на станови

Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба, а за изградба предвидени се вкупно 618 станови, од кои во Скопскиот Регион, 288, во Југозападниот, 173, Полошкиот, 59

216

Во јануари годинава издадени се 256 одобренија за градење, што е за 19,2% помалку во однос на истиот месец од претходната година, објави денеска Државниот завод за статистика.

Најмногу одобренија за градење, 160, се издадени за високоградба, а за изградба предвидени се вкупно 618 станови, од кои во Скопскиот Регион, 288, во Југозападниот, 173, Полошкиот, 59,…






Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење, 64, по што следуваат Југоисточниот, 50, Скопскиот, 34, Пелагонискиот 31,….

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува  4. 325. 219. 000 денари, што е за 25,1% помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 160 (62,5%) се наменети за објекти од високоградба, 31 (12,1%) од нискоградба и 65 (25,4%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 256 објекти, на 155 (60,5 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 101 (39,5%) објекти инвеститори се деловни субјекти.

– Во извештајниот период е предвидена изградба на 618 станови со вкупна корисна површина од  54.359 квадратни метри – се вели во извештајот на ДЗС.

Поврзани содржини