ИСПЛИВАА ФОТОГРАФИИ ОД ПОВРЕДЕНАТА СЕВЕРИНА По синоќешната тепачка со сестра ѝ (ФОТО)
На фотографиите се гледа дека пејачката има повреди на лицето и рацете и дека ѝ е скршен мобилниот телефон.
Хрватската пејачка Северина Вучковиќ е повредена, судејќи по фотографиите, откако синоќа влегла во физичка пресметка со својата сестра Маријана, која потоа ја пријавила во полиција. Полицијата ја пречекала пејачката на аеродромот во Загреб, но набрзо била пуштена дома, потврди за хрватски „Индекс“ нејзиниот адвокат Мате Матиќ.
„Јутарњи лист“ објави фотографии од пејачката кои се направени по инцидентот.
На фотографиите се гледа дека пејачката има повреди на лицето и рацете и дека ѝе скршен мобилниот телефон.
Адвокатот на Северина, Мате Матиќ за „Индекс“ потврди дека денеска му се јавила Северина Вучковиќ, која на загрепскиот аеродром ја пречекала полицијата.
Матиќ вели дека пејачката го известила за апсењето на загрепскиот аеродром и дека се договориле тој да ја пречека на станицата. Меѓутоа, полицајците се откажале од апсењето и пејачката била пуштена дома.
„Ќе се почитува редовната процедура. Се чини дека и Северина има повреди, па веројатно и ние ќе поднесеме кривична пријава“, ни изјави Матиќ.
Фотографиите од повредената Северина можете да ги погледнете ТУКА.
Инаку, причината за распишувањето потрага, како што дознава „Јутарњи лист“, била пријава за насилство што наводно се случило во вторникот во сплитскиот дом на мајка на познатата пејачка. Според пријавата на сестрата Маријана, пејачката наводно ја нападнала пред очите на нивната мајка. Било еден час по полноќ кога од станот се слушлаа врева. Тие двете, наводно, Маријана пријавила во полиција, физички се пресметале, си удирале шлаканици една на друга.
На крајот пејачката отишла на нејзина страна, а нејзината сестра во болница, од каде што по укажаната лекарска помош поради полесни повреди се обратила во полиција за помош. Таа добила низа модринки по главата и грбот, а лекарите забележале исекотини на телото. Врз основа на пријавата сплитската полиција започнала потрага по пејачката, а врз основа на тоа Северина била „симната“ на загрепскиот аеродром, 12 часа по наводниот инцидент во Сплит.