ИРАН ТВРДИ ДЕКА САД ИЗГУБИЛЕ НЕКОЛКУ ЛЕТАЛА ВО АКЦИЈАТА ЗА СПАСУВАЊЕ НА ВТОРИОТ ПИЛОТ Наводно, соборен бил транспортен авион, a два хеликоптери биле во пламен

Претходно иранската војска објави дека соборила израелски дрон во истата покраина.

845

Иранските власти тврдат дека за време на операцијата на САД и нивните сојузници за пронаоѓање и извлекување на пилотите од соборениот американски воен авион Ф-15, биле уништени неколку противнички авиони, хеликоптери и дронови.

„По очајните потези на САД за спасување на пилотот на соборениот борбен авион и влегувањето на летачките објекти во централните делови на земјата, непријателските летачки објекти беа уништени, а САД повторно претрпеа понижувачки пораз за време на заедничката операција на иранските воздухопловни сили и копнените сили, народните единици Басиџ и полициските сили“, соопшти Одделот за односи со јавноста на Иранската револуционерна гарда.






Соопштението дојде кратко откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на својот профил на социјалната мрежа Трут соушл дека американските сили го спасиле вториот пилот на соборениот авион, кој беше исчезнат до утрово.

Во меѓувреме, портпаролот на Централната команда, Хатам ал-Анбија, обединетата команда на иранските вооружени сили, изјави дека меѓу соборените авиони бил и воен транспортен авион Ц-130, како и два хеликоптери Блек Хок, за кои рече дека биле во пламен.

Претходно иранската војска објави дека соборила израелски дрон во истата покраина.

Поврзани содржини