ИМАМЕ ПОЛТРОНСКА ВЛАСТ КОЈА ЗАМЕНУВА ЕДНО ИНФОРМБИРО СО НОВО! Стевчо Јакимовски смета дека законот за рестриктивни мерки е упад во нашиот политички систем
Утре и Франција или Холандија ќе воведат „црна листа“ и ние што ќе правиме? На сите тие луѓе ли ќе им ги одземаме правата – праша градоначалникот на Капош во „Само вистина“ на Канал 5.
Се случува упад во македонскиот политички систем. Ќе заменуваме едно Информбиро со ново – рече градоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ Стевчо Јакимовски во настап на „Само вистина“ на ТВ Канал 5.
Коментирајќи ги најавените измени на Законот за рестриктивни мерки, тој праша како може некој во Македноја без судење да ги изгуби своите права, врз основа на тоа што е ставен на „црна листа“ во друга држава?
– Ние влегуваме во евро-атланските интеграции за да бидеме посреќни и со поголеми права. Со овој Предлог-закон за рестриктивни мерки покажуваме дека имаме полтронска власт. Ако има било каков прекршок правосудните органи ќе си спроведат процедура. Утре и Франција или Холандија ќе воведат „црна листа“ и ние што ќе правиме? На сите тие луѓе ли ќе им ги одземаме правата? Дури имам информации дека Американците не бараат закон за рестриктивни мерки од нас, туку ние самите се правиме поголеми католици од папата – рече Стевчо Јакимовски во гостувањето на Канал 5.
Говорејќи за проширувањето на ЕУ Јакимовски праша како Украина отвори преговори со ЕУ, а во исто време им цветаат криминалот и корупцијата, затвораат попови и опозиционери.