📽️ ИМА 91 ГОДИНА, ЖИВЕЕ САМ И РЕДОВНО ОДИ ВО ТЕРЕТАНА Лекар открива знаци што покажуваат колку сте витални и здрави за возраста

Има 91 година, сам се грижи за себе и трипати неделно оди во теретана. Неговата приказна покажува зошто за зачувувањето на силата и самостојноста не се важни само годините, туку и навиките што ги негуваме секој ден.

1

На 91 година, додека многумина се соочуваат со ограничувања во движењето и секојдневните активности, еден дедо сè уште живее сам, вози автомобил и без поголеми проблеми се качува по скалите до вториот кат од својата куќа.

Неговата внука Џенифер Мартин, која работи како личен тренер, на социјалните мрежи ги споделила навиките на својот дедо. Тој редовно прави вежби за сила, оди во теретана приближно трипати неделно, работи во дворот и се грижи за домот. Секое утро се среќава и со пријателите на кафе.






Според неговата внука, токму доследноста е една од најважните причини поради кои тој и во длабока старост останал активен и самостоен.

Шест показатели за физичката виталност

Лекарот Нил К. Шах издвојува шест показатели што можат да дадат слика за физичката функционалност и начинот на кој старее телото. Меѓу нив се брзината на одење, силата на стисокот на дланката, способноста за станување од столче, рамнотежата, секојдневното движење и одржувањето на социјалните контакти.

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

 

 

Поврзани содржини