ЗЕМЕТЕ СИ КАБАНИЦА ИЛИ ЧАДОР Ќе врне и ќе дува засилен ветер низ цела Македонија

Минималната температура ќе се спушти до 3 степени во Маврово, а најтопло ќе биде во Скопје и во Велес, со дневна температура до 23 степени Целзиусови.

415

Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно, со локален пороен дожд, грмежи, и засилен ветер, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе има услови за изолирана појава на невреме.






Минималната температура ќе се спушти до 3 степени во Маврово, а најтопло ќе биде во Скопје и во Велес, со дневна температура до 23 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се симне до 9 степени.

Од УХМР најавуваат дека и во следните денови времето ќе биде облачно и врнежливо.

Во среда ќе има преодно стабилизирање. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд се очекува во четврток кон крајот на денот и во петок.

Фото: УХМР

 

 

Поврзани содржини