И СКЕНДЕР РЕЏЕПИ ЌЕ ФОРМИРА ПАРТИЈА Смета на структури од Алтернатива

Реториката на лидерот на Беса Биљал Касами тој ја оцени како штетна за Албанците, но и за соживотот во земјата и оцени дека Беса кокетира со ВМРО-ДПМНЕ.

297

Поранешниот пратеникот на Алтернатива, а сега независен пратеник Скендер Реџепи најави дека ќе формира нова политичка партија.

Во интервју за ТВ 21 Реџепи рече дека од средбите со граѓаните увидел дека ја има поддршката да гради поинаков политички пат. Според него, таквата одлука е резултат на незадоволството во Алтернатива бидејќи не биле прифатени неговите идеи за промени во партијата, па не само што повеќе не се пронаоѓа во таа партија, туку, како што рече, не се гледа ниту како член на која било друга партија.






– Ќе започнам ново политичко патување заедно со дел од структурите во Алтернатива кои излегоа од таа партија – рече Реџепи.

Тој се согласува дека бројот на политички партии на Албанците стана голем, но верува дека до изборите тие ќе се поделат на два блока, алудирајќи на европскиот фронт и опозицискиот блок.

Според Реџепи, логично беше луѓето од Алтернатива и Движењето Беса повторно да соработуваат, имајќи предвид дека тоа беше порано една партија (Беса, н.з.), која се подели поради идеали, но го изненадило формирањето на Демократско движење на Изет Меџити.

– Тоа што негативно ме изненади е што во едно вакво време Демократското движење, која партија уште гради структура, се обединува со Алтернатива и Беса, а лесно можеше да земе луѓе од двете партии кои се незадоволни – коментира Реџепи.

Реториката на лидерот на Беса Биљал Касами тој ја оцени како штетна за Албанците, но и за соживотот во земјата и оцени дека Беса кокетира со ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини