ХОРОР ВО ШПАНИЈА Напаѓач уби две лица, меѓу ранетите има бебе и двегодишно дете

Полицијата уапси осомничен по смртоносното пукање во Ел Ехидо, додека меѓу повредените има и малолетници.

65

Најмалку две лица загинаа, а четворица се повредени во вооружен напад што се случил во текот на ноќта во Ел Ехидо, во јужна Шпанија.

Според информациите од полицијата, по пукањето бил уапсен еден осомничен, а истрагата за мотивите и околностите на нападот е во тек.






Според „Мирор“, меѓу повредените во пукотницата во близина на популарното шпанско крајбрежно одморалиште се едно 18-месечно и едно седуммесечно бебе, кое е однесено на интензивна нега во Универзитетската болница Торекарденас, главната јавна институција во Алмерија, и се вели дека е во „многу сериозна“ состојба откако било двапати застрелано.

Второ бебе, 18-месечно, исто така е на интензивна нега на истото одделение. Според „Сан“, станува збор за девојче.

Се додава дека двајца од загинатите се негови родители, а седуммесечното бебе е син на напаѓачот.

Локалните служби за итна помош интервенирале веднаш по нападот, а дел од повредените биле пренесени во болница.

Поврзани содржини