НИКОЛОСКИ СООПШТИ ДОБРА ВЕСТ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ Хрватска ќе издава долгорочни визи за професионалните возачи

Министерот за транспорт и врски вели дека тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната.

163

Вицепремиерот Александар Николоски соопшти дека процесот на решавање на проблемот со системот за влез и излез во ЕУ на превозниците, откако Хрватска донесе Законот за странци со кој на професионалните возачи од Западен Балкан ќе им се даваат долгорочни визи.

„Во Хрватска е усвоен законот со кој професионалните возачи ќе можат да добиваат долгорочни визи. Тоа е чекор напред во решение на проблемот кој произлезе со воведување на ЕЕС системот во Шенген зоната. Овој закон многу ќе помогне на македонските професионални возачи. Ова е реализација на договорот што го направивме со вицепремиерот и министер Олег Бутковиќ во јануари годинава“ напиша Николоски на Фејсбук.






Тој додава сека Швајцарија веќе издава долгорочни визи и дека се очекува и други држави да се приклучат.

„Продолжуваме кон конструктивни решенија за нашите професионални возачи”, пишува Николоски.

Поврзани содржини