ХАОС ВО КАФУЛЕ ВО КРИВА ПАЛАНКА Нападнал музичар и искршил опрема

37-годишен жител на Крива Паланка нападнал член на музичка група и оштетил дел од опремата за време на настап во локал.

360

Инцидент во угостителски објект во Крива Паланка заврши со кривична пријава против 37-годишен жител на градот, откако, според полицијата, физички нападнал музичар и оштетил музичка опрема за време на настап.

Од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка информираат дека е поднесена кривична пријава против Б.Ц.(37) поради сомнение за сторено кривично дело „насилство“.






Според информациите, инцидентот се случил на 12 април во угостителски објект во Крива Паланка, каде што настапувала музичка група. Пријавениот најпрво им правел проблеми на музичарите за време на настапот, а потоа физички нападнал еден од членовите на бендот.

Во инцидентот била оштетена и дел од музичката опрема.

Полицијата презела мерки по пријавата, а против 37-годишникот е поднесена кривична пријава.

Поврзани содржини