ГРЕНЛАНД ОТВОРА РУДНИК ЗА МОЛИБДЕН Од него ќе се задоволуваат околу 25% од потребите на Европа за овој метал

Според компанијата, рудникот „Малмбјерг“ би можел да произведува просечно 32,8 милиони фунти концентриран молибден годишно, што претставува околу 25% од потребите на Европа за овој метал.

100

Гренланд додели  30-годишна лиценца за експлоатација на молибден клучен метал за воздухопловството. Проектот е  поддржан од Европската Унија.

Молибденот стана стратешки важен откако Кина воведе контрола на извозот на овој метал чие  учество во  глобалното производство на овој метал изнесува околу 40%.






Дозволата ја доби „Гренланд Рисорсис“, која котира на берзата во Торонто, која веќе ја поседува лиценцата за проектот Малмбјерг во источен Гренланд.

Според компанијата, рудникот „Малмбјерг“ би можел да произведува просечно 32,8 милиони фунти концентриран молибден годишно, што претставува околу 25% од потребите на Европа за овој метал.

Молибденот се користи за зајакнување на челикот, зголемувајќи ја неговата отпорност на топлина и корозија, што го прави клучен за индустриските сектори, вклучувајќи ја одбраната и зелената енергија.

Кина моментално учествува со околу 40% во глобалното производство на молибден.

„Гринланд Ресоурсис“ веќе потпиша договори за купопродажба со финската компанија „Оутокумпу“ и италијанската „Коње Ачаи Специали“.

 

Поврзани содржини