ГРАДЕЖНИШТВОТО ПОРАСНА ЗА 30% Мицкоски очекува тоа сериозно да влијае на растот на БДП

Мицкоски очекува овој раст на градежништвото да има позитивно влијание врз растот на домашниот бруто производ.

0

Градежништвото расте со стапка поголема од 30% во делот на издадени одобренија за градење, но и вредноста на работите што ќе се реализираат во градежништвото е повисока од 30% во споредба со истиот период од минатата година – вели претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски,

– Економијата е еден од главните приоритети на оваа Влада. Како дел од економијата е и градежништвото и кога ќе ги видите последните параметри, ќе дојдете до заклучок дека градежништвото расте со стапка поголема од 30% во делот на издадени одобренија за градење. Но, исто така, она што нас посебно нѐ охрабрува е и вредноста на работите што ќе се реализираат во градежништвото, која исто така е над 30% во споредба со истиот период од минатата година – рече тој.






Мицкоски очекува овој раст на градежништвото да има позитивно влијание врз растот на домашниот бруто производ.

– Еден од двигателите на економскиот развој е градежништвото и очекувам да има сериозно позитивен импакт, сериозно позитивно влијание врз растот на домашниот бруто производ – рече Мицкоски. 

Поврзани содржини