Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов објави на Фејсбук дека вработените на Улици и патишта и Паркови и зеленило веќе започнале со работа во Клиничкиот центар, каде што ќе се изградат два коридори за непречен влез на возилата.
– По барање на Министерството за здравство, започнаа со изградба на два коридори за непречен влез на возилата на брза помош и директен влез кон Инфективната клиника кои ќе бидат асфалтирани во понеделник – соопшти Шилегов.
И викендов екипи од ЈП „Комунална хигиена“ ќе ги мијат и дезинфицираат улиците и контејнерите во кругот на Клиничкиот центар.