ГОРИ КАЈ ЖЕЛИНО, БОГОВИЊЕ И ВО КРИВА ПАЛАНКА Пет пожари до 13 часот, активни сѐ уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека до 13 часот биле евидентирани пет пожари на отворен простор, од кои три остануваат активни.

0

Пет пожари на отворен простор биле регистрирани низ Македонија во текот на денот до 13 часот, а три од нив и понатаму се активни, информираше Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите кај селото Желино, во општина Желино, каде гори ниска вегетација, како и пожарот кај патарината кон Гостивар, на територија на општина Боговиње, каде исто така е зафатена ниска вегетација.






Третото активно огнено жариште е во општина Крива Паланка, во подрачјето познато како „Думачка Маала“. Таму пожарот зафатил ниска вегетација и багремови насади.

Од ЦУК информираат дека во текот на денот биле изгаснати два пожари.

Едниот пожар бил регистриран во општина Струмица, во близина на селото Просениково, каде горело ѓубре, додека вториот бил во регионот на Старо Нагоричане, каде била опожарена ниска вегетација.

Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата на терен и со преземање активности за локализирање и гаснење на активните пожари.

Поврзани содржини