ГО УБИЛ ШЕФОТ НА КРИМ-ПОЛИЦИЈАТА, ПА ПУКАЛ ВО СЕБЕ Убиство во кафуле во Хрватска
Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж убил полицаец со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот.
Во кафуле во хрватскиот град Крапина утрово се случила пукотница во која учествувале две лица, и притоа е убиен началник на Службата за криминалистичка полиција во ПУ Крапина-Загорје, јавуваат хрватските медиуми.
Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж (52) убил полицаец (52) со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот.
Напаѓачот потоа пукал во себе и е префрлен со хеликоптер во Клиничката болница Дубрава.