Ѝ ГО ГРАБНАЛЕ МОБИЛНИОТ, ПА ИЗБУВНАЛА ТЕПАЧКА Девојка повикала пријатели по инцидентот во Градски парк

Двајца мажи, според пријавата, ѝ го одзеле мобилниот телефон на 20-годишна скопјанка, по што таа повикала пријатели, а расправијата прераснала во физичка пресметка.

0

Расправија поради мобилен телефон завршила со физичка пресметка меѓу четири лица во Градскиот парк во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, денеска околу 3:45 часот во СВР Скопје, 20-годишната А.П. од Скопје пријавила дека во Градскиот парк нејзиниот мобилен телефон ѝ бил одземен од И.А. (37) и А.Ќ. (34), двајцата од Скопје.






По настанот, таа ги повикала своите пријатели С.К. (27) и С.К. (23), исто така од Скопје.

Според пријавата, И.А. во меѓувреме го скршил мобилниот телефон, по што дошло до физичка пресметка меѓу И.А. и А.Ќ. од една страна и двајцата пријатели на девојката од друга страна.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини