ГИ БРКАЛ КИРАЏИИТЕ ОД СТАНОТ СО БОМБА!? Бизарен мотив за трагичната експлозија во Смедерево
Експлозијата се случила на четвртиот кат, а разнесени се три ката од зградата, по што таа е евакуирана.
Експлозијата, која се случи синоќа во станбена зграда во центарот на Смедерево, во која едно лице загина, а две се повредени, настанала откако сопственикот на станот по расправија со станарите за киријата, активирал експлозивна направа, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешни работи.
Сопственикот наводно подолго време се обидувал да го исели четиричленото семејство од својот стан бидејќи не му плаќале кирија.
Експлозијата се случила на четвртиот кат, а разнесени се три ката од зградата, по што таа е евакуирана, а околу зградата се расфрлани парчиња мебел, столарија и стакло.
Дваесет и двегодишна девојка се здобила со полесни повреди, додека нејзиниот брат се здобил со тешки повреди, во текот на ноќта бил опериран во Смедеревската болница, бидејќи имал шрапнели по целото тело.
Еплозијата во Смедерево е само едно од низата убиства и насилства во август во Србија. Во Футог беа убиени две момчиња, во Белград ранети се повеќе лица, се пукаше и во Ваљево и во Крагуевац, а две масовните убиства имаше во Белград и Младеновац во текот на минатиот месец.