🎥 ГЕОРГИНА РОДРИГЕЗ ПОДГОТВИ РАСКОШНА ЗАБАВА ЗА РОДЕНДЕНОТ НА ЌЕРКА Ѝ Роденден од бајките за четвртиот роденден на Бела Есмералда
Партнерката на Роналдо повторно го подигна скалилото кога станува збор за детски родендени, луксузната прослава за 4-тиот роденден на нејзината ќерка Бела Есмералда изгледа како сцена од најраскошната бајка.
Георгина Родригез повторно покажа дека не штеди ниту труд ниту пари за своите деца. Партнерката на Кристијано Роналдо сподели дел од луксузната прослава по повод 4-тиот роденден на нивната ќерка Бела Есмералда на социјалните мрежи, а сцените оставија многумина без зборови.
Во бајковито украсениот простор доминираа виолетови и пастелни нијанси, со раскошни декорации инспирирани од детски ликови и принцези.
Балони, тематски маси полни со слатки, персонализирани детали и импресивна роденденска торта се само дел од она што Георгина го подготви за својата миленичка.
Посебно внимание привлече и штандот каде што готвачите подготвуваа свежи чуроси (шпански крофни).
View this post on Instagram
Покрај Бела, Роналдо и Георгина ги имаат и близнаците Ева Марија и Матео и ќерката Алана, а Кристијано го има и синот Кристијано Џуниор.