ФИЛИПЧЕ СИ СПРЕМА АЛИБИ ЗА ПОРАЗ ИЛИ ЗА БОЈКОТ НА ИЗБОРИТЕ Со блокадата на Изборниот законик ѝ прави штета на државата

Најаваената блокана на Изборниот законик од страна на СДСМ е доказ дека главна цел на Венко Филипче е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, порача пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски.

1

Ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, којшто изјави дека ќе го блокира предложениот Изборен законик е само доказ дека неговата главна цел е да се спротивставува на законите коишто се дел од Реформската агенда, а за коишто Европската комисија досега даваше високи оценки за нивното донесување и имплементирање, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на прес-конференција.

– Втората работа, сметам дека Венко Филипче преку најавата за блокада на Изборниот законик, бара можно оправдување, алиби за следниот изборен пораз или евентуално за бојкотирање на следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат – рече Милошоски.






Третата работа, додаде тој, е многу симптоматична.

– Тоа е прашањето дали Венко Филипче ја следи Левица во нејзините ставови. Бидејќи, денеска имавме најава од Левица за можна блокада и за филибастеринг на овој закон од Реформската агенда, а потоа следува потврдата од Венко Филипче којшто се обидува да го имитира Димитар Апасиев. Дали ова е случајно или координирано, останува да одговори претседателот на СДСМ – рече Милошоски.

Тој порача и дека Филипче ѝ прави штета на државаа.

– И последната поента што сакам да ја упатам, како една остра критика до претседателот на СДСМ, којшто многу често знае реторички да ја истакне важноста на граѓаните на Македонија, без разлика каде живеат, дали во државата или во дијаспората, е што токму овој Изборен законик предвидува електронско гласање на дијаспората, согласно моделите коишто ги видовме во Француската Република и во Република Естонија. Ваквото електронско гласање на дијаспората цениме дека е многу важно и за нивното учество со гласање на изборите за претседател на државата и нивното учество со гласање за избор на пратеници. Но, предавничкиот однос на Венко Филипче, за жал, не се гледа само по неговиот однос кон граѓаните во Република Македонија. Се забележува и преку неговиот пристап кон нашите содржавјани коишто живеат надвор од границите на Македонија. За жал, со ваквиот однос веројатно господинот Филипче ќе ги изгуби и следните парламентарни избори, без разлика кога ќе се случат, но многу е непромислено што со ваквите потези краткорочно можеби наоѓа за себе алиби, но долгорочно ѝ прави штета на Република Македонија. Прво, по однос на нашата Реформска агенда пред Европската комисија и второ, по однос на таа нераскинлива врска на македонските иселеници со матичната држава преку можноста и уставното право тие да гласаат на секои избори – порача Милошоски.

 

ЛЕВИЦА ЌЕ БЛОКИРА НЕШТО ШТО ПРИФАТИ, А СДСМ НЕШТО ШТО БОЈКОТИРАШЕ! Милошоски за заканите за блокада на измените во Изборниот законик

Поврзани содржини