Филипче: Само на децата со аутизам ќе им се излезе пресрет да излезат надвор и во полициски час
Излегувањето надвор и со еден родител, остава можноста да се соберат помали или поголеми групи околу зградите, можеби и во мали паркови околу местата за живеење што практично ќе направи да немаат ефект мерките за домашна изолација, Барањето на родителите на децата со аутизам сметаме дека треба да се разгледа и да се излезе во пресрет - рече Филипче.
Иако има повеќе барања за излез на децата со еден од родителите за време на полициски час, утре на дневен ред ќе биде само барањато од родителите на децата со аутизам.
– Излегувањето надвор и со еден родител, остава можноста да се соберат помали или поголеми групи околу зградите, можеби и во мали паркови околу местата за живеење што практично ќе направи да немаат ефект мерките за домашна изолација, Барањето на родителите на децата со аутизам сметаме дека треба да се разгледа и да се излезе во пресрет. Има одлука за лица со посебни потреби, но на една група на деца со аутизам практично треба да им се дозволи излегување во било кој дел, бидејќи тие досега имаат рутина и ако таа се смени може дополнително да ја комплицира состојбата – одговори министерот за здравство, Венко Филипче.
Тој апелираше до сите други да бидат трпеливи.
– Знам дека е тешко, дека не е лесно, меѓутоа ова е нешто што мора секој да го издржи – само така очекуваме ефект од овие мерки додаде Филипче.