ФИЛИПЧЕ САКАШЕ ДА КУПИ ВАКЦИНИ ПРЕКУ ФИРМА ЗА ТРГОВИЈА СО БАНАНИ Кој требаше да ќари 6 милиони евра, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Филипче како министер за здавство сакаше да ги купи вакцините преку Стабри, по цена од 62 долари, во услови кога другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари. 200.000 вакцини кои Филипче сакаше да ги набави, ќе беа платени 6 милиони долари поскапо, рече денеска Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

390

Венко Филипче беше фатен жив во шема за земање провизија за вакцини против ковид во аферата „Стабри“ и тој нема никаков кредибилитет, реагираше владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Венко Филипче сакаше да набави кинески вакцини против ковид во екот на кризата преку фирма регистрирана за тргување со банани и јужно овошје. Оваа фирма со име Стабри е формирана само 3 месеци откако СДСМ дошле на власт во 2017 година. Коинциденција или не? Филипче како министер за здравство сакаше да ги купи вакцините преку Стабри, по цена од 62 долари, во услови кога другите држави ги купуваа по најмногу 30 долари. 200.000 вакцини кои Филипче сакаше да ги набави, ќе беа платени 6 милиони долари поскапо. За тоа каде требаше да завршат овие 6 милиони долари, Филипче и ден денес молчи – рече денеска Валентин Манасиевски од ИК на ВМРО-ДПМНЕ.






Овој сериозен криминал во обид, беше спречен единствено со огромниот медиумски притисок и притисокот на ВМРО-ДПМНЕ, додаде тој.

– Тоа што овој криминал во обид беше спречен, не е олеснителна околност за Филипче како политичар, кој мора да одговори неколку прашања. Каде требаше да завршат 6 милиони долари од набавката на вакцините? Дали фирмата Стабри има врски со СДСМ и со него лично, со оглед на тоа дека е формирана само 3 месеци, откако тие дошле на власт? Оваа афера покажува дека Венко Филипче нема кредибилитет. Исто така ова е доказ за што се бори Филипче и зошто е во политиката. Филипче се надева на власт и на можност повторно да прави вакви шеми – рече Манасиевски.

Филипче е без кредибилитет и прочитан од народот и треба веднаш да си поднесе оставка, повика Манасиевски.

Поврзани содржини