„ФИЛИПЧЕ БЕШЕ ФАТЕН ВО НАБАВКА ВРЕДНА 35 МИЛИОНИ ЕВРА“ Лидерот на СДСМ да поднесе оставка, порача Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ
Венко Филипче беше фатен во „Крвави тендери” набавка вредна 35 милиона евра, тој нема кредибилитет и треба да си поднесе оставка, порача Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
– Венко Филипче со сила го туркаше проектот за набавка на тестови и реагенси за крвни анализи вреден 35 милиони евра. Единствена фирма која се имаше појавено на повикот и со која Филипче беше пред склучување на договор беше АХР ЛАБ, фирма без корпоративна електронска пошта, а ќе остане запаметена по мејлот жути@јаху.ком. Венко Филипче чекаше да помине револтот на јавноста за да продолжи да го турка тендерот, но силната реакција на медиумите, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста тоа не го дозволија. Венко Филипче нема кредибилитет. Тој е претседател на СДСМ, само за да може некогаш повторно да дојде во позиција за да ги повтори тендерите како тој со аферата „Крвави тендери“. Токму затоа Венко Филипче нема кредибилитет. Венко Филипче треба да си даде оставка – порача Манасиевски.