Филхармонија ги одложува сите концерти до крајот на март

За натамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

417

Согласно новонастанатата ситуација со вирусот КОВИД-19 и најновата препорака од Владата, донесена на 10 март 2020 за одложување на јавните собири и настани, НУ Филхармонија ги одложува сите концерти до крајот на март.

– Средствата за билетите што нашата публика веќе ги има купено на билетарница ќе им бидат вратени, а доколку билетите се купени онлајн, тогаш купувачите треба да испратат електронска порака на [email protected]. Во неа треба да го наведат бројот на нарачката, датумот и часот кога е иницирано плаќањето и средствата ќе им бидат рефундирани по електронски пат – информира Филхармонијата.






Билетарницата на Филхармонија ќе работи од понеделник до петок со скратено работно време, од 10-14 часот.

За натамошната реализација на програмата, Филхармонија дополнително ќе ја информира јавноста.

Поврзани содржини