plusinfo.mk https://plusinfo.mk/ Thu, 20 Mar 2025 12:05:04 +0000 en-US hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.7.2 https://plusinfo.mk/wp-content/uploads/2020/09/cropped-logo-plus-32x32.png plusinfo.mk https://plusinfo.mk/ 32 32 СЕВЕРНА КОРЕЈА Е ТРЕТА ЗЕМЈА ПО РЕЗЕРВИ НА БИТКОИН ВО СВЕТОТ Кои земји се пред неа? https://plusinfo.mk/severna-kore-a-e-treta-zem-a-po-rezervi-na-bitkoin-vo-svetot-koi-zem-i-se-pred-nea/ Thu, 20 Mar 2025 12:04:39 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754869

Се верува дека резервите на биткоин на Северна Кореја се собрани од хакерски напади.

The post СЕВЕРНА КОРЕЈА Е ТРЕТА ЗЕМЈА ПО РЕЗЕРВИ НА БИТКОИН ВО СВЕТОТ Кои земји се пред неа? appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Северна Кореја е трета земја во светот по големина на резервите на биткоин. Пред неа се  САД и Велика Британија, покажуваат податоците од платформата Binance.

Според платформата, се верува дека државните хакерски групи создале резерви од 13.562 биткоини (BTC), во вредност од 1,14 милијарди долари.

Оваа платформа цитира податоци од Arkham Intelligence, компанија со седиште во Доминиканската Република која е специјализирана за откривање трансакции што помага да се идентификува перење пари и други сомнителни активности.

САД имаат резерви од 198.109 БТК, додека ОК има 61.245 БТК.

Во заедничкото соопштение на Јужна Кореја, САД и Јапонија, објавено во јануари, се вели дека хакерските групи од Северна Кореја, вклучително и групата Лазарус, стојат зад серијата сајбер напади во 2024 година кои украле криптовалути во вредност од 659 милиони долари.

The post СЕВЕРНА КОРЕЈА Е ТРЕТА ЗЕМЈА ПО РЕЗЕРВИ НА БИТКОИН ВО СВЕТОТ Кои земји се пред неа? appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ Нè напуштија Иван, Џоко, Ана, Тоше, Сара, Лепа… https://plusinfo.mk/ob-aveni-imi-ata-na-aginatite-vo-kochani-ne-napushti-a-ivan-oko-ana-toshe-capa-lepa/ Thu, 20 Mar 2025 12:03:24 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754864

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души. Слава им“, соопшти Министерството за здравство.

The post ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ Нè напуштија Иван, Џоко, Ана, Тоше, Сара, Лепа… appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Не постои збор со кои можеме да ја искажеме болката и тагата која ја чувствуваме за прерано изгубените животи во трагичниот настан во пожарот во Кочани, соопшти Министерството за здравство, кое ги објави имињата на жртвите.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и се молиме за упокоение на нивните души. Слава им“, соопшти Министерството за здравство.

Министерството аплира да не се шпекулира со невистините информации.

Загинаа:

Алексова Стефанија 2004

Џамов Јорданчо 1993

Трајчев Иван 2000

Ѓоргиев Џоко 2000

Коларов Александар 1981

Величков Иван 1998

Стојанов Андреј 2000

Антова Ивона 2003

Христовски Павел 2004

Димитријев Диме 1994

Насевски Никола 2007

Богданов Тоше 1994

Тодоровски Тоше 1988

Коцева Ана 2004

Живков Адријан 2000

Петрушов Гордан 2001

Горгиев Игорче 1976

Стевановски Филип 1988

Стојанов Томче 2003

Стоименова Моника 1999

Стојанов Стојанчо 1988

Пројковска Николовска Цапа 1977

Шопова Марија 1997

Ивановски Петар 2004

Ѓорѓиев Александар 1991

Марковски Матеј 2007

Закова Бојана 1997

Василков Ѓорѓи 1999

Петров Александар 1999

Минова Драгана 2008

Алексова Цапа 2006

Ѓорѓиески Андреја 1982

Ивановски Филип 2008

Јорданова Сара 2007

Стрезоска Марија 2001

Ефремов Александар 1992

Велков Игор 1980

Тасева Стојковска Лепа 1998

Атанасовски Мартин 1996

Алексов Александар 1986

Минов Божидар 2001

Милковска Кети 1999

Златков Томас 2003

Соколова Стефанија 2005

Велков Леонид 2007

Наунова Надица 2007

Јорданов Виктор 2000

Панов Андреј 2000

Иванов Димитар 2008

Стоименов Спиро 1998

Владимиров Јове 1993

Андонов Ице 2003

Тасевски Стефан 1988

Величков Ѓорѓи 1994

Стојанов Александар 1986

Христова Сања 1999

Танески Дамјан 2006

Спасова Моника 1998

Лазаров Андреј 1999

The post ОБЈАВЕНИ ИМИЊАТА НА ЗАГИНАТИТЕ ВО КОЧАНИ Нè напуштија Иван, Џоко, Ана, Тоше, Сара, Лепа… appeared first on plusinfo.mk.

]]>
„СУМ НАСТАПУВАЛ НА МЕСТА КАДЕ ШТО ПОЖАР МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ЗА 1 СЕКУНДА“ Харис Џиновиќ се огласи за трагедијата во Кочани https://plusinfo.mk/sum-nastapuval-na-mesta-kade-shto-pozhar-mozhe-da-izbie-za-1-sekunda-haris-inovi-se-oglasi-za-tragedi-ata-vo-kochani/ Thu, 20 Mar 2025 11:53:01 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754846

Пејачот Харис Џиновиќ откри дека понекогаш самите изведувачи се прашуваат дали е безбедно да настапат некаде, кога станува збор за условите за заштита од пожари на одредени места.

The post „СУМ НАСТАПУВАЛ НА МЕСТА КАДЕ ШТО ПОЖАР МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ЗА 1 СЕКУНДА“ Харис Џиновиќ се огласи за трагедијата во Кочани appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Харис Џиновиќ изрази сочувство за трагедијата во Кочани и сподели дека и самиот настапувал на места каде што може да избие пожар во секунда, објави српски Телеграф.

– Како да гледам на трагедија во која млади луѓе загинаа без причина, поради невнимание на другите. Мислам… Во вакви ситуации нема што да се каже. Млади загинаа, а и постари, но кога има таква ситуација и таква трагедија, нема што многу да се каже – изјави Харис за Гранд.

Пејачот истакна дека за жал на поширокиот Балкан има клубови кои не се соодветно опремени со противпожарни излези и системи.

– За жал, премногу такви нешта сум видел во мојата кариера. Пеев по разни клубови, па дури и во дупки, што знам, не знам каде сѐ не сум бил. Имало на што да се работи за да се создаде безбедна ситуација и за да се подигне нивото на безбедност за сите присутни таму. Треба да работиме на тоа, но… За сè заостануваме – објасни Џиновиќ.

Харис, исто така, откри дека понекогаш самите изведувачи се прашуваат дали е безбедно да настапат некаде, кога станува збор за условите за заштита од пожари на одредени места, а тоа сликовито го објасни.

– Обично мора нешто да се случи за да реагираат луѓето. Тоа е она што ме нервира цел живот. Значи треба да почекате нешто. Ќе почине човек, велат дека никогаш не бил на лекар. Па затоа и умрел бидејќи не отишол на лекар. Мора да почекате, да видите дали ви треба нешто, дали нешто ве мачи, дали нешто ви прави проблеми во телото. Колата ја носиш на механичар или на технички преглед зашто не можеш да ја регистрираш, а не се носиш самиот на лекар. И тогаш одите на лекар кога нешто ќе ви се случи, кога можеби е предоцна. И ова е нешто што задоцни, се случи и заврши. Требаше да има предупредување за овие нешта, да се направи ревизија, и тогаш веројатно ова немаше да се случи – изјави Харис Џиновиќ.

Целиот свет во неделата го потресе невидена трагедија која Кочани го зави во црнина. За време на настапот на групата ДНК во дискотеката „Пулс“ избувна пожар во кој околу 200 луѓе се повредени, а 59 загинаа.

The post „СУМ НАСТАПУВАЛ НА МЕСТА КАДЕ ШТО ПОЖАР МОЖЕ ДА ИЗБИЕ ЗА 1 СЕКУНДА“ Харис Џиновиќ се огласи за трагедијата во Кочани appeared first on plusinfo.mk.

]]>
МИЛИЈАРДА ЕВРА ЛЕГНАА ДЕНЕСКА НА СМЕТКАТА НА УКРАИНА Киев ќе го враќа европскиот заем со приходи од замрзнатиот руски имот https://plusinfo.mk/mili-arda-evra-legnaa-deneska-na-smetkata-na-ukraina-kiev-e-go-vra-a-evropskiot-zaem-so-prihodi-od-zamrznatiot-ruski-imot/ Thu, 20 Mar 2025 11:50:17 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754856

„Со денешната исплата од 1 милијарда евра, ја потврдуваме нашата цврста посветеност на Украина. Ние ѝ помагаме на економијата на земјата да закрепне и да биде обновена критичната инфраструктура оштетена од руската агресија, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

The post МИЛИЈАРДА ЕВРА ЛЕГНАА ДЕНЕСКА НА СМЕТКАТА НА УКРАИНА Киев ќе го враќа европскиот заем со приходи од замрзнатиот руски имот appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Европската Комисија денеска соопшти дека исплатила дополнителна транша од 1 милијарда евра од заемот за макрофинансиска помош за Украина, која ќе биде отплатена со приходите од замрзнатиот руски имот во Европската Унија.

„Со денешната исплата од 1 милијарда евра, ја потврдуваме нашата цврста посветеност на Украина. Ние ѝ помагаме на економијата на земјата да закрепне и да биде обновена критичната инфраструктура оштетена од руската агресија. Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина сè додека е потребно“, изјави претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен.

Поддршката ќе помогне за обнова на Украина по руските напади. Парите ќе се користат за сегашна и идна воена поддршка, буџетски потреби и потреби за обновување, како и за обновување на критичната инфраструктура, како што се енергетските капацитети, водните системи, транспортните мрежи, патиштата и мостовите.

Денешната исплата е дел од иницијативата на Г7 која има за цел да обезбеди околу 45 милијарди евра финансиска поддршка за Украина до 2027 година.

Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Каја Калас рече дека поддршката на ЕУ за Украина мора да биде изразена со дејствија, особено со доставување муниција што му е потребна на Киев.

– Доколку ги слушате изјавите на лидерите, поддршката е многу голема, но треба да се види и со дела, во бројки, во реалната муниција што ѝ е потребна на Украина. Затоа, навистина се надевам дека ќе продолжиме напред – рече Калас пред денешниот Самит на ЕУ во Брисел.

За време на Самитот, Калас ќе претстави предлог за обезбедување 2 милиони артилериски гранати на Украина.

Германскиот канцелар во заминување Олаф Шолц изјави дека Европа мора да продолжи со силната поддршка за Украина, без оглед на тоа какви преговори се водат меѓу Вашингтон и Москва.

– Треба да ја продолжиме нашата поддршка со јасна позиција дека за Украина мора да биде возможен праведен мир. Тоа значи дека Украина може да ја брани својата независност и суверенитет, дека сама го избира својот пат и своите лидери и се разбира дека има силна армија во мирно време – додаде Шолц пред состанокот на лидерите на ЕУ.

The post МИЛИЈАРДА ЕВРА ЛЕГНАА ДЕНЕСКА НА СМЕТКАТА НА УКРАИНА Киев ќе го враќа европскиот заем со приходи од замрзнатиот руски имот appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ДОНАЦИЈА НА ФИЛХАРМОНИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Концертот „Без зборови“ ќе биде хуманитарен https://plusinfo.mk/donaci-a-na-filharmoni-a-za-nastradanite-vo-kochani-koncertot-bez-zborovi-e-bide-humanitaren/ Thu, 20 Mar 2025 11:49:04 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754852

Ве информираме дека нашиот концерт „Без зборови“ во четврток на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан“, се вели во објавата на Филхармонија.

The post ДОНАЦИЈА НА ФИЛХАРМОНИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Концертот „Без зборови“ ќе биде хуманитарен appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Филхармонија денеска соопшти дека концертот „Без зборови“ што ќе се одржи на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан во Кочани.

„Македонската филхармонија во овие тешки моменти за сите нас, сочувствува со семејствата на жртвите во страотната несреќа во Кочани. Ве информираме дека нашиот концерт „Без зборови“ во четврток на 27 март ќе биде хуманитарен, а средствата од билетите ќе бидат донирани во фондот за настраданите и повредените во трагичниот настан. Нека им е светол патот, сочувство до најблиските, болката е неизмерна“, се вели во објавата на Филхармонија на нивната фејсбук страница.

The post ДОНАЦИЈА НА ФИЛХАРМОНИЈА ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Концертот „Без зборови“ ќе биде хуманитарен appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ИТАЛИЈА ОТВОРИ УСТАНОВА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ ШТУРЦИ Од нив ќе прават брашно https://plusinfo.mk/itali-a-otvori-ustanova-za-odgleduva-e-shturci-od-niv-e-pravat-brashno/ Thu, 20 Mar 2025 11:40:50 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754840

Академија Нутринсект е отворена за да понуди професионална програма наменета за идните фармери и за оние кои веќе ја започнале оваа активност, но сакаат да ги подобрат своите вештини.

The post ИТАЛИЈА ОТВОРИ УСТАНОВА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ ШТУРЦИ Од нив ќе прават брашно appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Во регионот Марке во југоисточна Италија е отворена Нутринсект академија, образовна установа за  одгледување штурци, потврди  денеска Хозе Франческо Кани, извршен директор на Нутринсект од Монтекасијано.

Компанијата Нутринсект одгледува штурци за производство на брашно од штурците за храна за домашни миленици, пренесува АНСА.

– Целта е да го пренесеме нашето знаење и да ги научиме оние кои сакаат да започнат ваков бизнис како да одгледуваат штурци – објасни Цани, додавајќи дека целта е „да се создадат 100 фарми за штурци низ Италија“.

Тој посочи дека новата академија Нутринсект е отворена за да понуди професионална програма наменета за идните фармери и за оние кои веќе ја започнале оваа активност, но сакаат да ги подобрат своите вештини.

Според него, откако Европската управа за безбедност на храна ја оцени безбедноста на брашното од штурец (Acheta domesticus) како „нова храна што не претставува ризик за здравјето на луѓето“, иницијативата за отворање образовна институција е насочена кон промоција на „добар, здрав производ, целосно направен во Италија“.

The post ИТАЛИЈА ОТВОРИ УСТАНОВА ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ ШТУРЦИ Од нив ќе прават брашно appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ШТО ГИ ЧЕКА АСТРОНАУТИТЕ КОИ ПО 288 ДЕНА СЕ ВРАТИЈА ДОМА? Терапија, проблеми со баланс и многу прилагодување https://plusinfo.mk/shto-gi-cheka-astronautite-koi-po-288-dena-se-vrati-a-doma-terapi-a-problemi-so-balans-i-mnogu-prilagoduva-e/ Thu, 20 Mar 2025 11:38:27 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754834

Во следните недели, астронаутите најверојатно ќе се борат со вртоглавица и лоша рамнотежа кога ќе почнат повторно да одат. Дури и нивните срца ќе бидат ослабени по неколку месеци лесно пумпање крв без отпор на гравитацијата, па тие ќе треба бавно да закрепнат за да не си наштетат себеси.

The post ШТО ГИ ЧЕКА АСТРОНАУТИТЕ КОИ ПО 288 ДЕНА СЕ ВРАТИЈА ДОМА? Терапија, проблеми со баланс и многу прилагодување appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Американските астронаути Суни Вилијамс и Буч Вилмор веројатно со недели ќе одат на физикална терапија и ќе се опоравуваат откако се вратија на Земјата по повеќе од девет месеци во вселената. Но, откако ќе се вратат во форма, може да очекуваат дека ќе се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп во Белата куќа.

Астронаутите ќе ги поминат следните неколку дена на проценка од лекарите во вселенскиот центар Џонсон на НАСА во Хјустон, каде што беа донесени со хеликоптер откако нивната капсула Спејс Икс безбедно се распрсна кај брегот на заливот на Флорида во вторникот вечерта.

Ако сè e во ред со проценката за нивното здравеј, ќе им биде дозволено да се вратат дома, Вилмор во Тенеси и Вилијамс во Масачусетс. Дома ќе започнат 45-дневна програма за рехабилитација. Освен физикалната терапија тие ќе работат на својот баланс – долго не ја почувствувале земјината гравитација.

Нивните мускули и коски со месеци лебделе на нулта гравитација на Меѓународната вселенска станица. Тоа е причината зошто астронаутите беа однесени со инвалидски колички од капсулата. Тоа е стандарда пракса за вакви случаи.

Во следните недели, астронаутите најверојатно ќе се борат со вртоглавица и лоша рамнотежа кога ќе почнат повторно да одат. Дури и нивните срца ќе бидат ослабени по неколку месеци лесно пумпање крв без отпор на гравитацијата, па тие ќе треба бавно да закрепнат за да не си наштетат себеси.

 

Губењето на густината на коскената густина е уште еден несакан ефект од патувањата во вселената. Тоа може да ги мачи до крајот на нивниот живот, ако не си ја вратат мускулната маса.

Исто така, додека биле во вселената, астронаутите послабо гледало поради тоа што ниската гравитација предизвикува промени во циркулацијата и се акумулира течност во главата. Ова предизвикува човечкото око да ја промени формата.

Астронаутите ќе треба да се навикнат и да носат секојдневна облека. Носењето униформа која со месеци лебди околу вашата кожа на нулта гравитација направило нивната кожа да биде чувствителна како бебешката.

Истражувачите можат да одлучат да ги следат астронаутите до крајот на нивниот живот бидејќи сè уште малку се знае за ефектите на престојувањето во вселената.

Една интересна терорија е дека радијацијата која постои во вселената може да влијае на човечкото тело и да предизвика рак.

Едно од позитивните искуства кое ќе го имаат астронаутите кои се вратија на Земјата се мирисите и сетилните сензации кои ги немале во вселената и кои може да ги почувствуваат интензивно на почетокот. Тука се и основните мириси како оној на храната или на тревата.

– Привлечноста на гравитацијата може да се чувствува чудно и непријатно, природната сончева светлина може да изгледа премногу сјајна, па дури и секојдневните мириси на трева или храна може да се доживеат интензивно на почетокот – изјави за Ју-Ес-Еј Тудеј психологот од Кливленд, Сузан Алберс.

The post ШТО ГИ ЧЕКА АСТРОНАУТИТЕ КОИ ПО 288 ДЕНА СЕ ВРАТИЈА ДОМА? Терапија, проблеми со баланс и многу прилагодување appeared first on plusinfo.mk.

]]>
📽️ ДЕВОЈКА „ПАДНА“ СО 27 КИЛОГРАМИ ДРОГА Голема заплена на белградскиот аеродром https://plusinfo.mk/devo-ka-padna-so-27-kilogrami-droga-golema-zaplena-na-belgradskiot-aerodrom/ Thu, 20 Mar 2025 11:37:53 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754841

Иако биле на само неколку минути од полетувањето на авионот во кој патничката чиј багаж била пронајдена дрога требало да ја напушти земјата, царината и полицијата заедно соработувале за да ја спречат во тоа.

The post 📽️ ДЕВОЈКА „ПАДНА“ СО 27 КИЛОГРАМИ ДРОГА Голема заплена на белградскиот аеродром appeared first on plusinfo.mk.

]]>

25-годишна Унгарка била уапсена пред два дена на аеродромот Никола Тесла во Белград додека се обидувала да пренесе 27 килограми марихуана во два розови куфери.

Првичната дестинација на летот на оваа патничка бил Бангкок, од каде полетала за Доха, а била уапсена во Белград при трансфер додека чекала лет за Тирана.

Иако биле на само неколку минути од полетувањето на авионот во кој патничката чиј багаж била пронајдена дрога требало да ја напушти земјата, царината и полицијата заедно соработувале за да ја спречат во тоа.

Во нејзините розови куфери имало дури 45 вакуумски затворени кеси полни со марихуана, со вкупна тежина од 26,5 килограми!

Осомничената во текот на денот треба да биде сослушана во Вишото јавно обвинителство во Белград.

 

The post 📽️ ДЕВОЈКА „ПАДНА“ СО 27 КИЛОГРАМИ ДРОГА Голема заплена на белградскиот аеродром appeared first on plusinfo.mk.

]]>
УТРАТА И НАТАМУ ЌЕ БИДАТ ПОД НУЛАТА Метеоролозите најавуваат раст на дневните температури https://plusinfo.mk/utrata-i-natamu-e-bidat-pod-nulata-meteorolozite-na-avuvaat-rast-na-dnevnite-temperaturi/ Thu, 20 Mar 2025 11:11:44 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754836

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.

The post УТРАТА И НАТАМУ ЌЕ БИДАТ ПОД НУЛАТА Метеоролозите најавуваат раст на дневните температури appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Утре ќе се задржи сончево време со пораст на дневните температури, додека утринските насекаде ќе бидат негативни.

Како што информираат од УХМР, во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела следува период на променливо облачно и релативно топло време со повремени врнежи од дожд.

Локално врнежите ќе имаат пороен карактер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

The post УТРАТА И НАТАМУ ЌЕ БИДАТ ПОД НУЛАТА Метеоролозите најавуваат раст на дневните температури appeared first on plusinfo.mk.

]]>
ПРАСКИТЕ ЌЕ БИДАТ СКАПИ ГОДИНАВА Ниските температури ги оштетија цеветовите на праски во Росоман https://plusinfo.mk/praskite-e-bidat-skapi-godinava-niskite-temperaturi-gi-oshteti-a-cevetovite-na-praski-vo-rosoman/ Thu, 20 Mar 2025 11:07:22 +0000 https://plusinfo.mk/?p=754828

Засега, во лозарството немало оштетувања од ниските утрински температури, што го зафатија овој регион изминатите два дена.

The post ПРАСКИТЕ ЌЕ БИДАТ СКАПИ ГОДИНАВА Ниските температури ги оштетија цеветовите на праски во Росоман appeared first on plusinfo.mk.

]]>

Ниските утрински температури направија големи штети кај овошките во Росоманско, оваа информација ја потврди за МИА, Драганчо Николов, советник во Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, подрачна единица во Кавадарци.

– Само што бевме на терен како претставници на Агенцијата, после ниските температури во раните утрински часови, што го зафатија Росоманско. Според информациите со кои располагаме, вчера наутро температурите се спуштиле до -4, а денеска до -7 степени – појасни Николов.

 

Тој истакна дека првичните согледувања од стручни лица на терен, говореле дека има големи штети во овошните насади во Росоманско.

– Станува збор за регион, најголем производител на праски во државата. Првите проверки на лице место, велат дека голем е данокот, што и овојпат го имаат земено ниските утрински температури на прагот на пролетта. Штети има кај дрвцата праски, кајсии, бадеми, кои во овој период од годината се во фаза на полнo цветање. Најголеми се штетите во Росоман и росоманските села Манастирец и Трстеник – подвлече Николов.

Тој додаде дека дополнително ќе се утврдува процентот на штети кај овошките. Засега, во лозарството немало оштетувања од ниските утрински температури, што го зафатија овој регион изминатите два дена.

The post ПРАСКИТЕ ЌЕ БИДАТ СКАПИ ГОДИНАВА Ниските температури ги оштетија цеветовите на праски во Росоман appeared first on plusinfo.mk.

]]>