🎥 ФАТАЛЕН КРАЈ НА РИТУАЛОТ СО ПАДОБРАН ЗА ДОЧЕК НА НОВИ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ И ТЕХНИЧАРИ ВО ФРАНЦИЈА Авионот се урна при полетување, 11 лица загинаа

Авионот, кој припаѓал на училиштето за падобранци, се урна кратко по полетувањето од аеродромот Нанси-Есе.

603

Единаесет лица загинаа откако се урна цивилен авион во градот Томблен во североисточна Франција, објавија локалните власти.

Пилотот и 10 патници загинаа во несреќата, вклучувајќи пет ученици и пет инструктори за падобранство, соопштија локалните власти.






Авионот, кој припаѓал на училиштето за падобранци, се урна кратко по полетувањето од аеродромот Нанси-Есе.

Францускиот министер за внатрешни работи отиде на местото на несреќата, објави Министерството за внатрешни работи.

Во меѓувреме, се појавија и нови информации за загинатите. Како што објави француската телевизија BFMTV, претседателот на регионалното здружение на медицински сестри и техничари откри дека „половина од жртвите биле медицински сестри и техничари, а половина биле инструктори“.

Според него, овој трагичен лет со падобран, според сите извештаи, не бил обична спортска активност, туку бил организиран како дел од „ритуалот на иницијација“ (т.н. малтретирање), односно традиционалното дочекување на нови колеги во професијата.


Истрагата за тоа како точно се случила техничката грешка или човечката грешка веднаш по полетувањето сè уште е во тек.

Поврзани содржини