Евреите не беа тепани од нацистите, туку од нивните соседи: Отпуштена актерката од хит серијата

4,751

Актерката и поранешен мајстор во боречки вештини, Џина Карано (38), повеќе нема да се појавува во серијата „The Mandalorian“ откако многумина побарале да биде отпуштена поради нејзините објави на социјалните мрежи.

Карано, како што пишуваат странските медиуми, моменталната политичка атмосфера во САД ја споредила со прогонот на Евреите во текот на Холокаустот, пишува АП.






Портпаролот на „Лукасфилм“, продукциската куќа која работи на серијата, изјавил во средата дека Џина Карано повеќе не е во договорен однос со нив и дека „не постојат планови тоа во иднина да се промени“.

„Нејзините објави на социјалните мрежи во кои луѓето се омаловажуваат на основа на своите културни и религиозни идентитети се одвратни и неприфатливи“, стои во писмента изјава на портпаролот.

Карано се најде на удар на критики кога напиша:

„Евреите беа тепани на улиците. Меѓутоа, не од нацистите туку од нивните соседи… меѓу кои дури имало и деца. Бидејќи историјата е преправена, повеќето луѓе денес не сфаќаат дека за да стигнат до точка каде што нацистичките војници лесно можат да апсат илјадници Евреи, владата прво морала да ги натера нивните соседи да ги мразат едноставно бидејќи се Евреи. Како е тоа поразлично од тоа да мразите некого поради неговите политички уверувања.“

Карано, која во серијата ја игра платеничката Кара Дјун, ја избришала објавата во меѓувреме, но не пред таа да се прошири на интернет и да ги натера корисниците со помош на хаштагот #FireGinaCarano (Отпуштете ја Џина Карано) да побараат нејзин отказ.

Карано и претходно беше на удар на критики поради исмевање на лицата кои во текот на пандемијата носат заштитни маски, но и луѓето кои на своите прифили на социјалните мрежи истакнуваат со кои полови заменки би сакале луѓето да ги ословуваат.

Агенцијата за правно застапување на уметници и други професионалци во забавната индустрија, „United Talent Agency“, исто така го раскинала договорот со Карано.

 

 

Поврзани содржини