„ЕРУСАЛИМ ЗАСЕКОГАШ ПОД КОНТРОЛА“ Иран е послаб од кога било, тврди Нетанјаху

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Ерусалим засекогаш ќе остане под контрола на Израел и дека Иран никогаш не бил послаб. Тој тврди дека израелските напади го спречиле Техеран да дојде до нуклеарно оружје.

85

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху вчера порача дека Ерусалим „засекогаш“ ќе остане под израелска контрола и дека државата Израел во моментов е „посилна од кога било“.

Говорејќи на церемонија по повод Денот на Ерусалим, Нетанјаху изјави дека Иран е „послаб од кога било“ и предупреди дека Израел ќе продолжи да се бори против, како што рече, „заканите на радикалниот ислам“.

– Ќе ја продолжиме борбата против сите закани на радикалниот ислам – рече Нетанјаху.

„Иран ќе имаше нуклеарна бомба“

Израелскиот премиер тврдеше дека воените операции против Иран во јуни минатата година и во февруари годинава го спречиле Техеран да развие нуклеарно оружје.

– Доколку Израел не ја покренеше војната против Иран, денес Иран ќе имаше нуклеарна бомба – изјави Нетанјаху.

Тој додаде дека непријателите на Израел сакале да ја оттурнат еврејската држава од Ерусалим, но порача дека тоа нема да се случи.

– Само Ерусалим под израелска власт е вистински слободен град за сите религии и сите нации – рече израелскиот премиер.

Хамас, Хезболах и Техеран

Нетанјаху оцени дека Израел постигнал значајни успеси во борбата против Хамас, Хезболах и Иран, во период на силни регионални тензии и војни на повеќе фронтови.

Неговите изјави доаѓаат во време кога Блискиот Исток останува под силен безбедносен притисок, а прашањето за Иран и за нуклеарната програма повторно е меѓу главните глобални теми.

Поврзани содржини