ЕКСПЛОЗИЈА ВО ДИЗЕЛДОРФ Во несреќата загинаа 3 лица

Во експлозијата на киоск сместен во станбена зграда повредени се 16 лица од кои 2 се во животна опасност.

193

Три лица загинаа, а 16 се повредени во синоќешната експлозија на киоск лоциран во станбена зграда во германскиот град Дизелдорф. Двајца од повредените се во животна опасност, соопштија надлежните служби.

Противпожарната служба соопшти дека киоскот целосно изгорел, а пожарот го зафатил и првиот кат од станбената зграда. Пожарот подоцна бил изгаснат. Истрагата за причините за пожарот е во тек, соопшти германската полиција.

Поврзани содржини