ЕКСПЛОДИРА ВСЕЛЕНСКА РАКЕТА Неверојатно видео
Пред да експлодира, на ракетата и требало двојно подолго да ја постигне брзината на звукот отколку што било очекувано.
Првиот обид на приватната компанија Firefly Aerospace да лансира ракета до орбитата завршил со експлозија.
Ракетата наречена Алфа експлодирала неколку минути по лансирањето.
„Алфа регистрирала аномалија во првиот стадиум на лансирањето, која резултирала со загуба на ракетата“, објави компанијата на Твитер.
На снимките се гледа како ракетата експлодира две и пол минути по лансирањето од Калифорнија.
Претходниот обид за лансирање е прекинат само неколку секунди пред да полета поради необјасниви технички причини, јавува Скај њуз, а пренесува хрватски Индех.
Пред да експлодира, на ракетата и требало двојно подолго да ја постигне брзината на звукот отколку што било очекувано.
Алфа требало да ја постигне брзината на звукот 67 секунди по лансирањето, а го постигнала дури за 140 секунди, а 10 секунди подоцна експлодирала.