ЕДРИЛИЦА СЕ СКРШИЛА СРЕД ОХРИДСКО ЕЗЕРО ПОРАДИ СИЛЕН ВЕТАР Полицијата извлекла четворица од брановите и ги спасила од можна трагедија

Инцидентот бил пријавен на 28 јуни 2025 година во 19:30 часот, кога било соопштено дека од пловен објект, кој се наоѓал на околу 2,5 километри од брегот наспроти авто кампот „Извиднички“, неколку лица повикуваат помош.

2,476

Четири лица беа спасени од средината на Охридското Езеро во саботата вечерта, откако поради лошите временски услови ја изгубиле контролата врз едрилица. Брзата реакција на полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ спречи трагедија.

Инцидентот бил пријавен на 28 јуни 2025 година во 19:30 часот, кога било соопштено дека од пловен објект, кој се наоѓал на околу 2,5 километри од брегот наспроти авто кампот „Извиднички“, неколку лица повикуваат помош.






Полициски службеници веднаш се упатиле на терен со службен глисер и ги лоцирале четирите лица на едрилица кои гласно барале спас. Со преземање на сите неопходни мерки, тие биле безбедно пренесени до полициската станица кај каналот „Студенчишта“.

Спасена е и самата едрилица, на која, поради силниот ветар и бранови, се скршил крмениот лист. Тоа довело до целосна загуба на контролата врз пловилото од страна на лицето кое го управувало.

„Благодарение на брзата интервенција на граничната полиција, спасените лица се извлечени без повреди, а ситуацијата е ставена под контрола“, соопшти СВР Охрид.

Поврзани содржини