🎥 Е ОВА Е ГУЖВА, А НЕ ВО ПАРАЛИЈА Вака изгледа кога 100.000 луѓе ќе ја преплават плажата во Шенжен

0

Ако некогаш сте помислиле дека плажите во Грција се преполни со туристи, погледнете го ова видео:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Réel média (@reelmediaofficiel)






Плажата Дамејша (Dameisha Beach), една од најпознатите градски плажи во кинескиот мегаполис Шенжен, во летните месеци се претвора во вистинско „море од луѓе“. Снимките што деновиве кружат на социјалните мрежи не се монтажа – вакви сцени редовно се случуваат за време на викенди, празници и топлотни бранови.

Шенжен има повеќе од 17 милиони жители, а во неговата непосредна околина живеат десетици милиони луѓе. Затоа, кога температурите ќе се искачат високо, илјадници посетители се упатуваат кон Дамејша, една од ретките големи јавни плажи во градот.

Во денови со најголема посетеност, на плажата можат да се соберат повеќе од 100.000 капачи. Поради тоа, локалните власти воведуваат ограничувања на бројот на посетители, засилено присуство на спасувачки служби и специјални мерки за управување со толпата и одржување на безбедноста.

Иако снимките изгледаат неверојатно, тие се добро документирани и често ги пренесуваат светските медиуми.

Поврзани содржини