ДВЕ ПРИЈАВИ, ЕДНА СНИМКА OД МОБИЛЕН Две жени се степале во дом во Чаир
Две жени од Скопје меѓусебно се пријавиле за физички напад по расправија во дом во Чаир. Едната од нив, според пријавата, ја снимала тепачката со мобилен телефон.
Тепачка меѓу две жени во дом во Чаир завршила со две различни пријави во полиција.
Според полицијата, 37-годишна жена пријавила дека била физички нападната од 33-годишна жена, која притоа ја снимала со мобилен телефон.
Претходно, и 33-годишната жена пријавила дека била физички нападната. Според нејзината верзија, инцидентот се случил околу 18.45 часот.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.