ДВАЈЦА УАПСЕНИ, ДВЕ СОПРУГИ ИСТЕПАНИ ВО БИТОЛА Едниот ја тепал со дрвен предмет на пазар

По целосно документирање на настаните против сторителите ќе следува соодветен поднесок, информира СВР Битола во дневниот билтен.

1

Денеска рано изутрина, во 00:45 часот, полициски службеници од СВР Битола го уапсија Е.А.(48) од Битола затоа што во семејниот дом во Битола физички ја нападнал својата 26-годишна сопруга.

Претходниот ден, во понеделникот во 14:50 часот на Градскиот пазар во Битола, полициски службеници од СВР Битола го уапсија О.В.(47) од селото Баница, струмичко, затоа што со дрвен предмет ја нападнал неговата сопруга.






По целосно документирање на настаните против сторителите ќе следува соодветен поднесок, информира СВР Битола во дневниот билтен.

Поврзани содржини