Двајца починаа, седуммина повредени во тешката сообраќајка на Првомајска

627

Двајца загинаа , а седуммина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 23 часот на крстосницата меѓу булеварот Србија и булеварот Борис Трајковски. Во несреќата се судриле пет возила, сите со скопски регистарски таблички.

Возилата кои учествувале во несреќата се „фолксваген пасат“ управуван од Р.А.(50) од Студеничани,  „мерцедес“  управуван од Х.С.(28) од Скопје,  „фолксваген шаран“  управуван од З.И.(30) од с.Студеничани,  „хјундаи аксент“ управуван од О.А.(25) од с.Батинци, скопско и патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.Б.(39) од Скопје.






Според МВР, на местото починале возачите Р.А. и Х.С.. Со тешки телесни повреди се здобил малолетник во возилото „фолксваген пасат“, а со телесни повреди се здобиле сопатниците во истото возило Ф.А.(49), Н.А.(23) и две малолетни лица, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ се здобиле и возачите О.А. и Е.Б.

Поврзани содржини