ДУА ЛИА И КАЛУМ ТАРНЕР СЕ ВЕНЧАА Пејачката и актерот планираат раскошна прослава на Сицилија

Скромната лондонска церемонија наводно била само формалност пред главниот настан - раскошна тридневна прослава на италијанскиот остров, која започнува во четврток и се очекува да собере бројни ѕвезди.

1
 Пејачката Дуа Липа и актерот Калум Тарнер се венчаа на интимна церемонија во Лондон, пред нивните најблиски пријатели и семејството.
Двојката, според „Дејли меил“, рекла „Да“ во градското собрание на Олд Мерилебон, на легална венчавка пред раскошната тридневна прослава што наводно ја планираат на Сицилија.
29-годишната пејачка се појави во бело со шапка и ракавици, држејќи го за рака нејзиниот нов сопруг, 36-годишниот Калум, кој носеше темно одело и вратоврска.
На скалите од градското собрание ги пречекаа осум пријатели и членови на семејството, кои ги обсипаа со конфети додека насмеаната двојка си заминуваше со црно такси.
Скромната лондонска церемонија наводно била само формалност пред главниот настан – раскошна прослава на италијанскиот остров, која започнува во четврток и се очекува да собере бројни ѕвезди.
Според извештаите, меѓу гостите се очекува да бидат и музичарите Charli XCX и Tove Lo, а се шпекулира дека би можел да настапи и Сер Елтон Џон, со кого Дуа го сними хитот „Cold Heart“ во 2021 година.
– Тие изнајмија неколку големи локации за екстравагантна прослава што ќе се одржи во неколку делови – изјавил изворот.
Наводно, модниот дизајнер Сајмон Порт Жакемус, основач на брендот Жакемус, креирал барем една венчаница за пејачката. 
Калум, кој често се споменува како еден од кандидатите за улогата на Џејмс Бонд, ѝ предложил брак на пејачката во декември 2024 година, по околу една година врска. Дуа ја потврди свршувачката во интервју за британскиот Вог во јуни 2025 година, додека сè уште беше на турнејата „Radical Optimism“.
– Сакам да ја завршам турнејата, а Калум снима, па засега само уживаме во овој период – рече таа тогаш.
– Никогаш не сум била личност која премногу размислува за бракот или сонува каква невеста ќе биде. И одеднаш си помислив: „О, а што би облекла?“
Одлуката да остариме заедно, да ги споделиме нашите животи и да бидеме најдобри пријатели засекогаш – тоа е навистина посебно чувство.
Пејачката исто така откри дека Калум го направил вереничкиот прстен специјално за неа, по консултација со нејзината сестра Рина и нејзините блиски пријатели.
– Толку е возбудливо. Воодушевена сум од прстенот. Толку е мој. Убаво е да знаеш дека личноста со која ќе го поминеш остатокот од животот те познава толку добро – рече Дуа.
Поврзани содржини